Mazda со уште поголемо SUV купе – се подготвува CX-50

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов инжинерите на Mazda работат на рестајлингот на втората генерација од моделот CX-5 и тоа три години по лансирањето на втората генерација. Напоредно со ова, се подготвува и нов модел CX-50.

Станува збор за SUV купе кој би се позиционирал над моделот CX-30 кој беше претставен минатата година, а димензионално би бил идентичен како и CX-5.

Гласините кажуваат дека овој модел ќе биде достапен и на mild-хибриден погон, а ќе ги дели истите бензински мотори како и CX-5.

Се очекува овој модел да се комерцијализира во 2022 година. Со тоа, Mazda значително ќе ја збогати понудата на SUV возила која сега ја сочинуваат CX-3, CX-30, CX-5 и електричната иззведба на CX-30.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK