Од Mazda Motor Corporation објавија дека производството на овој бренд во Јапонија веќе ја има достигнато границата од 50 милиони возила и тоа уште во мај. Јубилејниот автомобил бил склопен 86 години и седум месеци после стартувањето на операциите на компанијата во октомври во 1931 година.
Во изминатата календарска година, Mazda Motor Corporation имаше пораст на продажбата во Јапонија од 4,1 процент, а општата реализација на компанијата достигна ниво од 209.660 возила.
Според бројките направени во 2017 година, глобалното производство се зголемило за 1,4 проценти. Се работи за 1.607.602 возила, а од нив 971.455 биле склопен за домашниот пазар.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]