Mazda нема да има нов модел се до 2023 година

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот прозводител Mazda соопшти дека нема да пласира нов модел се до 2023 година кога се очекува подновување на актуелните модели во понудата, пренесува Nikkei Asian Review.

Mazda изминатата година ја претстави новата генерација на моделот 3 во седанска и хечбек изведба. Тука беше и новиот модел CX-30 како и првиот електричен модел на јапонскиот прозиводител.

Покрај ова, Mazda ги обнови и моторите, а воведе и целосно нов инфотејнмент систем и пропратна технологија.

Се чини она што останува во наредниот период е целосно посветување на продажбата и зголемување на пазарниот удел како и интензивирање на продукцискиот развој на електричниот MX-30.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK