Mаzdа 6 и СX-30 веќе нема да се продаваат во Америка

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mаzdа објави дека после крајот на 2021 година брендот повеќе нема да ги произведува моделите СX-30 и 6 зa американскиот пазар. Од компанијата одбележуваат дека се горди од дизајнот, квалитетот и безбедноста на двата модели, но пазарот и интересот на клиентите се измени, што предизвика промени и од нивна страна.

Јапонците велат дека седанот и малиот кросовер ќе бидат заменети од убави и забавни модели за управување, иако нема да се споменуваат дали овие наследници ќе бидат директно поврзани со двата модели или ќе добијат од корен различна концепција.

Според различни извори, Mаzdа 6 би можел да се врати на пазарот во следната година, но базирана на целосно нова платформа, а тоа е доста веројатно да се случи земајќи под внимание дека ова е најголемиот седан на брендот.

Што се однесува до кросверот СX-30, таму во овој момент има повеќе нејаснотии, но во следните месеци најверојатно ќе има и повеќе информации за него, како и евентуалниот негов наследник. Засега од Mаzdа нe споменуваат ништо за идентичните модели во Европа така што тие ќе ги остават во продажа или барем до следните слични новости.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK