Во рамките на презентацијата на новиот пет годишен стратешки план на FCA во италијанскиот град Балоко, Маркијоне, уште за кратко првиот човек на FCA го претстави планот на Maserati за наредните четири години.
Според новиот план Maserati ќе заземе значајно место во операциите на FCA со што е планирана продажба од 100 илјади автомобили до 2022 година. За таа цел FCA најавува бројни новитети и неколку нови модели со што би се освежила значајно гамата на овој италијански бренд.
Во наредниот период Maserati најпрво ќе го замени GranTurismo моделот со долго најавуваната Alfieri, а исто така не очекува и новата генерација на Quattroporte, Levante и Ghibli.
Целосно нов модел треба да очекуваме и во т.н. D сегментот каде Maserati ќе дебитира со нов SUV модел кој ќе биде позициониран над Levante, а ќе биде создаден на иста платформа како и новиот SUV на Alfa Romeo.
Сите овие модели ќе бидат технолошки понапредни, а меѓудругото ќе имаат 50:50 распоред на тежината, plug-in хибриден погон, полесна тежина, а тука се и помоќните мотори.