Многу скоро Porsche ќе ја лансира купе изведбата на Cayenne со што ќе се збогати SUV понудата која во моментов ја сочинуваат Cayenne и Macan. Но дали знаете кој е првиот SUV модел на овој германски производител?
Станува збор за Porsche 597 познат и под името Jagdwagen (во превод: возило за лов) кој во прототип изведба се појавува во 1953 година додека производството започнува две години подоцна односно во 1955 година. Овој SUV се појавува како одговор на германскиот производител на SUV моделите на Jeep, Kübelwagen и Land-Rover чиј автомобили во овој период добивале на популарност особено како дел од воениот возен парк.
Должината на овој SUV е 3,7 метри, а вкупната тежина изнесува 870 килограми. Опремен е со 1.5 и 1.6 литарски мотор кој продуцира 50 КС и постигнува максимална брзина од 100 км/ч.
597 Jagdwagen во 1955 година беше презентиран пред германската влада, а подоцна и пред претставници на военото аташе на Велика Британија и Франција. Porsche продолжи да го развива овој модел, но развојот запре во оној момент кога германската влада договорот го додели на Auto Union.
Иако се произведувал цели три години односно во периодот од 1955 до 1958 година сепак овој теренец бил произведен во вкупно 71 примерок. Денес се зачувани 50 од нив, а пред две години еден Porsche 597 беше продаден за приближно 200 илјади евра.