Почетокот на трката е закажан за 13,55 часот и истата може да се следи на следниот линк - https://www.youtube.com/watch?v=OVTznKPzfuA
На втората трка од Twingo Cup што се вози на патеката Гробик, Хрватска, македонските возачи Давид Малинковски и Владимир Тренески стартуваат од Топ-10 и ќе се обидат да стигнат до подиум. Времињата за стартување се всушност резултатите од првата трка, а на таа Давид Малинковски направи огромен успех прескокнувајќи 22 места, и од 28. на стартот стигна до 6. на целта.
Нашите двајца возачи вчера имаа и најдобри времиња по круг во конкуренција на 32 возачи покажувајќи дека имаат квалитет да се носат со своите колеги од Словенија, Србија, Италија и Унгарија.
Малинковски имаше шанса да стигне и до подиумот, но трката беше прекината на 4 минути пред крај во моменти кога тој беше третопласиран, но во моментот на прекинот предвид се зема пласманот од претходниот круг, а тогаш Малинковски беше 6.
Владимир Тренески вчера стартуваше од 13 место, а на крајот стигна до 8 место што исто така е добар успех. Тој уште од сам почеток на трката беше постојано во Топ-10.
Од другите македонски возачи, Мартин Костовски ќе стартува како 15., Англече Стојковски како 2., Мартко Блажевски 24, пред Слободан Трајковски и Зоран Мираковски. На трката се пријавени 32 возачи.
Детали од првата трка возена вчера на Гробник.
Давид Малинковски одличен на Гробник – од 28. на старт заврши како 6. на целта