Малинковски и Блажевски во директен дуел решаваат кој ќе биде шампион на Twingo Cup за 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Последните две трки од првенството на Twingo Cup што се возат на патеката Серес, Грција ќе решат кој ќе биде шампион за 2022 година. Дали Давид Малинковски ќе ја одбрани ланската титула или Марко Блажевски првпат ќе биде првак. Бодовната разлика меѓу двајцата возачи е само 10 бода во корист на актуелниот првак, а треба да с евозат уште две трки.

На квалификациите што се возеа денеска по сончево време на Серес најдобра беше Марко Блажевски кој речиси една секунда имаше подобро време од Владимир Тренески и од Давид Малинковски. Во квалификациите се возеа 15 кругови, а во осмиот круг Блажевски постави најбрзо време исто како Давид Малинковски.

Од седум трки сезонава на шест победија Давидовски или Блажевски, а само еднаш на првото место на пиедесталот се искачи Тренески.
На последните две трки возени на Монца двапати победи Давидовски, а Блажевски само еднаш беше на пиедесталот. На таа трка актуелниот првак го престигна дотогаш водечкиот Блажевски и го направи финишот на првенството интересен и неизвесен.

Сега Давидовски има 105 бод аво генерален пласман Блажевски е втор со 95 бода. До крајот на првенството остануваат уште две трки, а за победа се добиваат по 20 бода.
Иако двајцата возачи се најголемите кандидати з атитулата, од позадина својата шанса може д ај ачекаат и Ангелче Стојковски и Зоран Мираковски. Двајцата с ена делба на третото место во генерален пласман со по 73 бода.

Првата трка се вози утре во 10,30 часот, а втората во 13 часот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK