Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува потрошувачите за промена на цената за месец декември.
Цената на природниот гас за месец декември ќе се намали за 100 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за месец ноември оваа година.
Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 11 денари за килограм. Новата цена ќе биде 123,5 денари за килограм или 88 денари за литар.