Макпетрол додели Honda Civic од наградната игра „Верна повторно наградува“

ОБЈАВЕНО НА:

Најбогатата наградна игра во Македонија што во моментов се огранизира од страна на Макпетрол пред крајот на 2018 година го донесе и финалето на кое беше доделена главната награда Honda Civic. Најсреќен беше Коста Митрески кој во извлекувањето го доби автомобилот.

Биљана Мановска, беше среќниот добитник на лап топ Дел, а Ајла Река беше среќната добитничка која си замина со прекрасниот HONDA скутер. Наградната игра на Макпетрол траеше од 1 март до 10 декември. Преку ВЕРНА програмата повеќе од 150.000 потрошувачи на Макпетрол ги користат поволностите што ги нуди компанијата.

„Создадовме едно големо семејство и воспоставивме единствен систем преку кој комуницираме со нашите потрошувачи, со цел подобрување на нашата работа, затоа што секогаш има простор за напредок и усовршување. Оваа година во наградната игра учествуваа преку 1.600.000 трансакции што јасно покажува дека потрошувачите го препознаа квалитетот на нашите производи и услуги, и со тоа ја покажаа довербата да не одберат нас како нивен прв избор, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг.

Во наградните кола до сега беа доделени 8 лаптопи Дел, 8 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Маврово и Струга, 80 ваучери за гуми, 80 ваучери за Лубекс моторни масла, 80 ваучери за Кристал Кар средство за ветробрански стакла, како и 80 награди со вредносни Верна поени. Но, не беше само тоа, доделени беа и чамец Ocean Master 390 со вонбродски мотор Хонда од 40 КС заедно со приколка, автомобил Хонда Џез и скутер Хонда

Од компанијата најавуваат дека и во 2019 година ќе има наградна игра, која треба да биде уште поинтересна за потрошувачите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK