Македонија во Топ-10 според растот на цената на горивата во Европа (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Просечната цена на горивата во Македонија се покачила за 13 отсто во првата половина на 2021 година, во споредба со истиот период лани. Според истражувањето направено од Пикоди, компанија за анализа од Полска во истражувањето направено во 41 земји во Европа, Македонија се наоѓа на 9. место.

Нашата земја се наоѓа во групата на 19 земји каде скокот на цената е над 10 отсто, и од земјите од опкружувањето кај нас е забележан најголем скок на цената.
Според анализата на Пикоди, просечната цена на горивата во Македонија е 1,07 евра, и во соседството единствено Бугарија има поевтина просечна цена на горивата – 0,99 евра за литар.

Во Бугарија зголемувањето е 0,7 отсто (0,99 евра за литар), во Србија 7,5 отсто (1,26 евра), во Грција скокот е 6,9 отсто (1,57), а само во Албанија има намалување, од 5,4 отсто (1,36) во однос на лани.

Највисока просечна цена на горивата плаќаат во Холандија (1,72 евра за литар), а најниска во Русија (0,54 евра за литар)

Најголемиот скок е во Унгарија каде зголемувањето е 20,2 отсто (просечно 1,17 евра за литар), а веднаш за Унгарија се наоѓа Турција со зголемување од 19,4 отсто (0,73 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK