Македонија е на дното во Европа според продажбата на нови возила

ОБЈАВЕНО НА:

Стандардот на луѓето се гледа и според потрошувачката моќ, а секако тоа се однесува и на купувањето нови автомобили. Македонија повеќе години има пад во продажбата на нови возила, а во 2018 година некако тој пазар почна со стабилизирање. Но, остануваме секако лидери според бројот на половни возила според глава на жител.

Според статистиката на царината, во 2018 година, (без податоците од декември) во земјава се внесени над 27.000 употребени возила или 6.470 возила повеќе од лани. Најголем увоз е направен во октомври. Како и лани така и годинава поголем е увозот на половни отколку на нови автомобили.

Во последните 11 месеци од 2018 година биле увезени 5377 нови возила, што секако е пораст во однос на 2017.

Кои се земјите во Европа со најмногу нови автомобили по глава на жител? Одговорот на ова прашање го дава руската истражувачка агенција Аутостат, која ги објавува резултатите од својата 11-месечна студија (јануари-ноември) во 2018 година.

Неоспорен лидер во овој индикатор е Луксембург, каде живеат 602.000 жители. Резултатот е 86 нови автомобили на 1.000 жители. Зад нив е рангирана друга земја со мала популација – Исланд. Има уште помалку жители – 335.000, со продадени 52 нови возила на 1.000 жители. Трета е Белгија со 46 возила на 1000 луѓе.

Најголемиот европски пазар, Германија, не е во Топ 3, но ја зазема четвртата позиција со 39 нови автомобили на 1.000 жители. В.Британија е рангирана на 7-тото место со 34 возила додека Франција е надвор од првите 10 со 30 возила.

Македонија е на дното, а колку сме доле не знаеме бидејќи за разлика од другите земји во ЕУ ние немаме ниту точна бројка на жители ниту пак точна бројка на продадени нови возила. Се уште се кријат бројките од страна на импортерите, кои ги пријавуваат и оние возила што се за реекспорт или продадени во други земји. А се додека не се решат сите работи Македонија ќе биде на самото дно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK