Српските туристи сигурно ќе бидат радосни со последната вест. Владата на Република Македонија на денешната 66-та седница го донесе Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија, кој утврдува дека државјаните на други држави кои транзитираат низ територијата на Македонија можат, до целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.
Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.
Претходно, последните високи бројки на заболени од коронавирусот во Македонија се следи и во соседството, особено во Србија чии граѓани се надеваат на брзо отворање на гранците и заминување на одмор во Грција. Но, традиционалните туристи од Србија веќе се подготвуваат за алтернатива – наместо преку Македонија до плажите во Грција да стигнат преку Бугарија.
На социјалните мрежи на групите популарни каде граѓаните разменуваат најразлични информации за патувања и одмор во Грција се почесто се поставуваат прашања каде и како да се вози од Србија до Халкидини, Кавала или некое друго туристичко место во Грција.