четврток, 25 јули, 2025 година

Удрен мотоциклист доби отштета од 21,5 милиони долари (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Врховниот суд на Лос Анџелес донесе пресуда за рекордно обесштетување од 21.503.420 долари (19.382.323 евра) на мототоциклист, кој доживел тешки повреди при сообраќајна несреќа предизвикана од возач на автомобил. Клучен доказ за делото било видео снимено од страна на друг мотоциклист со камера GоPrо.

На видео снимката се гледа како Метју Рада е удрен од Kiа Оptimа, чиј возач се префрла во неговата лента без да даде знак со трепкачот. Од ударот мотоциклистот е оттурнат со сета сила кон камионот, во кој удира и паѓа лошо. Сведоците на инцидентот веднаш запираат и се симнуваат од автомобилите за да му помогнат.

- Advertisement -

Cпoрeд Оrаngе Соunty Rеgistеr возачот на автомобилот бил механичар, кој го тестирал возилото после ремонт пред да го предаде на сопственикот. Возел во лентата за автомобили со повеќе од еден патник иако бил сам во возилото.

Метју Рада веднаш бил однесен во болница каде што лекарите утврдиле дека има скршеници на повеќе коски, вклучително и на доминантната рака и грбниот пршлен. Имало потреба од неколку операции кои минале успешно, но и покрај тоа графичкиот дизајнер нема да може повеќе да работи по својата специјалност.

Делото траело три дена, но откако била видена снимката, брзо било донесена одлука. Возачот на Kia Optima ја признал вината уште на почеток така што целта на процесот била само да се биде утврдена тежината на нанесените повреди и размерот на обесштетувањето.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја