BMW беше принуден да ја отфрли опцијата за head-up дисплеј за голем број модели поради недостаток на полупроводници.
Неодамна објавениот германски каталог за нарачки за новите модели на BMW открива дека производителот на автомобили го отфрлил head-up дисплејот кој порано беше вклучен во Innovation пакетот што е достапен во Германија. Овој пакет вклучува ласерски светла, селективен зрак, помошни системи за возење и беше опција од 3.650 евра за серијата 3. Бидејќи HUD (head-up displey) веќе не е во понудата пакетот сега е достапен за 2.500 евра и се нуди само за моделите M340i, M340d и 330e.
Bimmer Today известува дека не е погодена само серијата 3 бидејќи HUD исто така е исфрлен од сите модели од серијата 4, со исклучок на M440i и M440d. X3 и X4 се исто така достапни само со head-up дисплеј во варијантите M40i, M40d и 30e.
Слична е приказната за Z4 Roadster, 1-Series и 2-Series, каде што сега може да се нарачаат само M Performance варијанти на овие модели со head-up дисплеј. Се чини дека моделите од повисоко ниво, како што е серијата 5, не биле погодени.
Нема официјални информации од BMW за тоа колку долго ќе трае ова, но прегледот низ некои форуми сугерира дека некои клиенти на BMW биле информирани за проблемите со достапноста на HUD уште во февруари.