Полската железница PKP Polskie Linie Kolejowe објави видео од еден железнички премин лоциран во близина на селото Волја Радзишовска на југот од земјата.
На видеото се гледа како еден возач на Mazda со голема брзина преминува на железничкиот премин. Иако се спуштени рампите, а светлосната сигнализација го навестува возот, возачот без размислување преминува преку преминот, оштетувајќи ги при тоа рампите.
Неименуваниот возач всушност бегал од полицијата која не се одлучи да го следи неговиот потег па застана на обележаниот премин.
Настанот се случил на 27 јануари, а истиот е потврден од локалната полција која објави дека возачот е фатен и при тоа се покренати повеќе обвиненија.