Lotus со видео тизер за Emira (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Lotus уште во април го најави доаѓањето на новиот мдел Emira. Сега, овој производител кој е во мнозинска сопственост на Zhejiang Geely Holding Group Co, го објави и првиот видео тизер за овој модел.

На видеото е прикажан ентериерот односно дигиталната инструментална табла, па оттука надворешниот изглед останува целосно непознат.

Emira ќе користи мотор со внатрешно согорување без електрична поддршка, а ќе се базира на новата платформа. Во производство ќе влезе кон крајот на оваа година, а почетната цена би се движела околу 85.000 фунти.

Emira што во превод значи “водич” и “командант”, премиерно ќе биде претставена на 6 јули кога ќе бидат познати и повеќе технички детали.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK