Lotus со новa цел – го напаѓа Porsche на кинескиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител на спортски автомобили Lotus Cars од следната година започнува со ново поглавје во својата историја. Главниот извршен директор Фенг Чингфенг потврди дека од следната година започнува со работа фабриката на овој производител во Кина, а при тоа најавува и отворање на околу 70 продажни салони.

Со ова стратегисткиот фокус ќе се пренасочи кон кинескиот пазар, а токму на овој, Lotus сака да му парира на Porsche кој од година во година го зголемува пазарниот удел во Кина.

Во новата фабрика во Вухан планирано е годишно производство на 2.000 компактни кросовери, а годишниот капацитет ќе изнесува 20 илјади возила.

Инаку оваа одлука на овој производител воопшто не е изненадувачка особено ако се знае дека 51% од сопственсота на овој бренд ја има кинеската компанија Zhejiang Geely Holding Group Co додека преостанатиот дел е во сопственост на малезијската компанијата Etika Automotive.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK