Lotus го најави моделот Emira

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето на 51% од акциите на Lotus од страна на Zhejiang Geely Holding Group Co значеше и враќање од мртвите на британскиот производител на спортски автомобили. По целосно електричниот хипер автомобил Evija, Lotus подготвува уште еден новитет.

Се работи за моделот кој се развива под кодното име Type 131, а чие име е Emira што може да се преведе како “водич” и “командант”.

За овој модел Lotus објави и тизер фотографии. При тоа е потврдено дека промоцијата ќе се случи на 6 јули кога ќе бидат познати и повеќе технички детали. Овој модел всушност ќе биде директна замена за моделите Elise, Exige и Evora чие производство завршува оваа година.

Emira ќе користи мотор со внатрешно согорување без електрична поддршка, а ќе се базира на новата платформа. Во производство ќе влезе кон крајот на оваа година, а почетната цена би се движела околу 85.000 фунти.

Инаку покрај овој модел, Lotus ќе лансира и кросовер кој ќе биде и првиот во понудата на британскиот производител. Auto Express објави и рендер од можниот изглед, но засега нема никакви информации околу овој модел.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK