Лошата страна на електрификацијата – отпуштање на работници

ОБЈАВЕНО НА:

Подобрените возни перформанси и намалувањето на загадувањето се најексплоатираните причини што секојдневно ги потенцираат производителите на автомобили. Сепак електрификацијата има и лоши страни.

Поради самиот технолошко-производствен процес, со производството на електрични автомобили ќе се намали потребата од работници. Последното истражување кое доаѓа од Германија вели дека во оваа земја ќе бидат отпуштени 200.000 работници.

“На коцка се помеѓу 29% и 36% од работните места” стои во истражувањето кое го нарача германското здружение на автомобилската индустрија. Во истражувањето се вели дека до 2025 година ќе се отпуштат 86 илјади работници, но оваа бројка значително ќе се зголеми до 2030 година.

Засега синдикатите немаат никакви реакции по повод ова истражување, но се очекува во наредниот период да ги претстават своите ставови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK