Германскиот прозиводител Opel ќе отпушти дополнителни 2.100 работници. Како што соопшти Opel преку ПР соопштение, компанијата го продолжи и програмот за принудно заминување па така тој сега ќе трае се до 2025 година.
Според овој план, во наредните години Opel ќе го намали бројот на работници за 4.100 лица со што се надеваат дека ќе успеат да ги оптимизираат интерните бизнис процеси со помал број на вработени, а истоврмено да заштедат и пари.
Инаку целиот овој план за намалување на вработените беше презентиран по купувањето на Opel од страна на PSA Групацијата. Изминатите години веќе беа отпуштени околу илјада работници, а беше затворена и една фабрика.