Добрата работа на автомобилот, нормалната потрошувачка, и секако долговечноста на возилото кое секојдневно го употребувате се поврзуваат со одржувањето. Не е важно само редовно да го менувате маслото според насоките на производителот, туку пожелно е да се направи и некоја „терапија“ на моторот.
Новата ација што Liqui Moly ја прави на Балканот е насловена како „Почувствувај ја разликата“. На тој начин секој возач би требало да може да види каква ќе биде разликата при користење на производите на Liqui Moly кај неговото возило.
Германскиот бренд чие седиште е во Улм го има во 150 земји во светот, и претставува синоним за квалитет, не само на маслата туку и на другите производи.
Терапијата што секако повремено е потребна да се направи поразбира користење на различни адитиви или средства кои треба да му помогнат на автомобилот да работи помирно, да нема висока потрошувачка, и во крајна цел подолго да ве служи.
А Liqui Moly во својата палета има над 4.000 различни производи што може да се користат не само за патничките возила туку и за товарните.
LIqui Moly во Македонија
„Liqui Moly не е бренд што ќе се бори да биде најефтин. Луѓето треба да го сфатат дека не е само одличен бренд и има низа на продукти, туку е и меѓу најквалитетните. Заедно со адитивите во комбинација прави да ги зачуваат возулата, што тешко се заработуваат, особено оние половните. Ако тие штедат на масло 100-200 денари може да им се врати во негативна смисла. Да не бидеме само продавачи на масло, туку да ги понудиме и адитивите, да се исчисти, подмачка и зачува возилото. Тоа не е трошок, туку инвестиција во зачувување на вредноста на автомобилот, вели Зоран Дочински, комерцијалниот директор на Liqui Moly Македонија.
Целта на Liqui Moly е годинава да порасне најмалку за 15 отсто во однос на 2021. Ако се гледа според почетокот, тогаш веројатно 2023 ќе биде навистина добра бидејќи првиот квартал заврши со 32 отсто подобри финансиски резултати.