Додека секојдневно се појавуваат шпекулации за враќање на легендарната Delta онаква каква што сите ја паметиме, француската работилница GCK Exclusiv-e направи електрична верзија на овој модел.
За основа е земена изворната Delta од 80-те години на минатиот век. Доаѓа со одредени екстериерни измени како измени на предните и задни крила, заден дифузор, нови спојлери, а внатрешноста е опремена со квалитетни и привлечни патеријала како алкантара, Момо управувач, рекаро седишта…
Под хаубата има вградено електромотор со 200 КС и 350 Nm. Благодарение на истиот, до стотка забрзува за 6,6 секунди додека со едно полнење на батеријата од 30 kWh може да помине до 160 км.
Француската работилница планира да понуди 47 вакви примероци од кои 36 примероци Delta Evo-E и 11 примероци од Delta Evo-e Rally.