Јапонскиот премиум производител Lexus и официјално започна да прибира нарачки за подновените модели NX и RX.
Подновениот NX всушност во целост се базира на актуелната генерација која беше лансирана во 2015 година, а која се темели на новата MC платформата на Toyota.
Британците овој модел ќе може да го резервираат почнувајќи од 35.950 фунти односно 39.897 евра, а во основниот пакет на опрема го добивате Safety System+ пакетот, 8 инчен инфотејнемт како и 18 инчни бандажи. За 10 инчен инфотејмент потребно е да доплатите 600 фунти.
Спортската F изведба на NX чини 41.500 фунти односно 46.056 евра, а добивате поистакнати екстериерни дизајнерски елементи како внатрешно LED осветлување, стилизирани седишта и патосници, а исто така и можност за wireless полнење на смарт уред.
Подновениот Lexus RX се базира на актуелната четврта генерација на овој модел која се појави во 2015 година. Истиот овој SUV се базира на K платформата на Toyota платформа која ја користи и Toyota Highlander. Почетната цена во Велика Британија изнесува 49.700 фунти односно 55.156 евра, а со основното ниво на опрема слично како и кај NX го добивате Safety System+ пакетот, со предни и задни паркинг сензори, греачи на предните седишта, 8 инчен инфотејнмент и слично.
Во однос на актуелните генерации и NX и RX немаат значителни екстериерни измени. Според очекувањата овие модели како такви на пазарот ќе останат до 2021 година кога се очекуваат новите генерации од овие модели.