Премиум брендот на Toyota Motors, Lexus изминатиот период прослави продажба на еден милион хибридни автомобили.
Сега објави уште поамбициозен план кои се однесува на електрификација на понудата. Откако во март годинава го претстави LF-Z концептот, јапонскиот производител објави дека планира да лансира не помалку од 10 нови и унапредени модели.
Реализацијата на планот заопочнува уште оваа година. Во соопштение за јавноста, Lexus објави дека до крајот на годината пристигнува PHEV моделот за кој повеќе информации ќе бидат објавени во текот на јуни.
Првиот целосно електричен Lexus автомобил пак, доаѓа веќе следната година. Автомобилот ќе ја поседува т.н. DIRECT4 технологија како и останатите последни достигнувања на Toyota.