Lexus го најави LC COUPE (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Kомпанијата Lexus ги откри првите детали за верзијата од 2021 година од луксузното спортско купе LC, кое треба да се појави со намалена тежина, оптимизирана суспензија и голем број на нови и оптимизирани технолошки решенија.

Од Lexus најавуваат дека LC COUPE 2021 ќе биде до 10 килограми полесно од својот претходник, суспензијата ќе биде оптимизирана за помеко возење, автоматската десетстепена трансмисија е подобрена и во опремата е воведен системот Active Cornering Assist, кој гарантира дополнителна сигурност во кривините.

Други промени кај LC COUPE 2021, кои ќе бидат лансирани на пазарот преку летото се поврзани со воведување на нови решенија за бои како за надворешноста така и за внатрешноста. Тука се и нови 20-инчни алуминиумски бандажи, обновен борд систем со интеграција на мобилни телефони преку Apple CarPlay® и Android Auto® и други.

Lexus LC COUPE 2021 е стандардно опремен со технологијата Lexus Safety System+, во кој се вклучени поголем број на додатоци за безбедност, вклучително и адаптивна круз-контрола, систем за предупредување при газење на лентата и функција за одржување на патот, систем за препознавање на знаци на патот, автоматски фарови и друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK