Lexus ES (Executive Sedan) на саемот за автомобили во Шангај е прикажан во обновено издание, што го покажува значењето на кинескиот пазар за овој бренд.
Што се однесува до естетските промени, овој 498 сантиметри долг автомобил, за новата сезона меѓу другото доби би-LED предни светла, дотерана маска и браници, како и нови тркала од 17 и 18 инчи.
ES инаку е направен на платформа New Global Architecture-K, а го одликуваат и подобро управување, простран ентериер со изменет панел со инструменти и 12,3 инчен екран и мултимедиски систем.
На купувачите им се нуди и верзијата F-Sport, и тоа со заден спојлер, темни детали на екстериерот, тркала од 19 инчи и спортски ентериер.
Lexus ES 2021
Заедно со Lexus ES F-Sport се добива и Dynamic Handling Package, a на некои пазари ќе биде достапна и верзијата ES 300h F Sport (хибридна варијанта, комбинација на 2,5 литарски бензинец и електромотор).
Стандардниот дел на опремата меѓу другото го прават и Lexus Safety System+ 2.5 и монитор за надзор на мртвиот агол. Исто така во понудата ќе биде и верзијата со погон на сите четири тркала. Продажбата на Lexus ES стартува наесен.