Ландо Норис го продолжи договорот со McLaren

ОБЈАВЕНО НА:

Ландо Норис го продолжи својот договор со екипата на McLaren за уште една сезона. Според тоа надежниот Британец ќе вози за овој конструктор и следната сезона.

“Одушевен сум што ја продолжувам соработката со McLaren. Тука сум скоро пет години и се чувствувам како дел од семејството. Сега не може да се замислам себе си во ниту една друга екипа. Посветен сум на McLaren, а целта е јасна: сакам да победувам и да станам шампион со болидот на McLaren” изјави Норис кој има и белгиско потекло.

Задоволството од продолжувањето на договорот не го криеше ниту Зек Браун, првиот човек на британскиот тим кој потенцираше дека останувањето на овој возач е од клучно значење за екипата. “Ландо е еден од најголемите таленти” додаде тој.

Во досегашниот дел од сезоната односно по четири извозени трки, Ландо се наоѓа на одличната четврта позиција со 41 поен. Пред него се само Ботас, Ферстапен и Хамилтон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK