Land Rover Defender – прва официјална фотографија од внатрешноста

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Land Rover објави прва официјална фотографија од внатрешноста на новата генерација на Land Rover Defender.

Оваа фотографија доаѓа само неколку недели откако се појавија фотографиите од маскираниот Defender кој во моментов се тестира на најразлични локации ширум САД каде доаѓа по подолга пауза.

Од она што може да се забележи, внатрешноста е далеку различна од актуелните екстериери кај моделите од моменталната понуда. Ова всушност е најава за новата генерација на кокпит кој ќе заземе место и во останатите модели. За разлика од повеќето модели најавени за наредниот период, овој доаѓа со релативно помал мултимедијален екран кој е централно поставен.

Во продажба се очекува да се појави во 2020 година откако претходно кон крајот на годината ќе ја има светската премиера. Цената останува непозната, но она што се зборува е дека ќе се појави и електрична верзија од овој SUV.

Во наредниот период се очекува JLR (Jaguar Land Rover) да објави дополнителни фотографии и околу екстериерот на овој модел.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK