Lancia со нов главен дизајнер ќе ја враќа старата слава

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе една деценија Lancia е маргинализиран бренд во групацијата на FCA. Со спојување на FCA со PSA Group и формирањето на Stellantis беше најавен камбекот на овој бренд на европскиот пазар. Првиот конкретен чекор во оваа насока беше потврдата за нов кросовер под брендот на Lancia кој доаѓа во Б сегментот.

Stellantis ги донесе и првите кадровски измени со цел исполнување на стратегискиот план. Така Lancia сега доби нов директор за дизајн во името на Жан-Пјер Пло.

Се работи за француски дизајнер роден во 1962 година кој својата професионална кариера ја започна во Renault каде работеше 10 години. Во периодот од 1995 до 1998 година работеше во Volkswagen, а една година подоцна и во Ford. Својата кариера во PSA Групацијата ја започна во 1999 година како шеф на дизајнерскиот тим на Citroen.

Неговото име е потпишано на дизајнот на Renault Twingo, Citreon C4, Citroen C5, Citroen C6, DS3…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK