Lancia била паркирана на исто место 47 години – станала туристичка атракција!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога треба да патувате често се користи Google Maps каде најдобро може да се види околината, оддалеченоста и многу други интересни податоци. Понекогаш преку Google Streеt Maps може да се најдат и интересни детали. Токму тоа го открива и една снимка.

На северот на Италија, во малиот град Конељано бил пронајден автомобил што бил паркиран на едно место 47 години, без да се поместува. Оваа Lancia останала на истото место, и никој не се обидел да ја помести.

Жители што биле интервјуирани од италијанскиот весник Il Gazzettino не се двоумеле да кажат дека „вистинскиот споменик на градот Чима не е замокот, фонтаната Нептун, манастирот Сан Франческо или палатата Сарчинели“, туку токму оваа Lancia. Толку многу што дури и туристите застануваат за да ја видат оваа сива Fulvia од 1970 година што ја задржала нејзината оригинална состојба.

Всушност, забот на времето е јасно видлив на каросеријата и веројатно не би било лесно да се отстрани од првобитната локација. Но, кој всушност го поседува овој автомобил?

Како што пишува италијанскиот весник, долгогодишното паркирано возило му припаѓа на 94-годишниот Анџело Фреголент. До 2019 година управувал со продавница за весници, пред кој е паркиран автомобилот и над кој живее. „Водев продавница на весници на првиот кат 40 години со мојата драга сопруга Бертила Модоло, која беше десет години помлада од мене. Возилото е од 1970 година. Кога ја отворив продавницата возилото беше пред вратата, ќе ги натоварев весниците во багажникот и потоа ги внесував внатре“.

За жал, автомобилот бил преместен на крајот на октомври поради редизајн на тротоарот. Анџело се согласил неговиот автомобил да биде преместен, но побарал да не биде оставен како крш. Можно е автомобилот да биде реставриран и изложен како вистински споменик на градот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK