За разлика од останатите “братски” брендови од Volkswagen Групацијата, Lamborghini не е во центарот на вниманието кога е во прашање скандалот Дизелгејт. Наспроти тоа, овој бренд во континуитет бележи одлични продажни перформанси, а тоа особено важи за првата половина оваа година кога забележа пораст од 96%.
Според официјалните полугодишни резултати, во првите шест месеци годинава на глобално ниво Lamborghini успеа да продаде 4.553 автомобили. Најголем дел од нив односно 59% се од моделот Urus кој се покажува како вистински носител на продажбата во последната година. Помала продажба генерираат Aventador и Huracan кои меѓудругото забележаа и пад споредбено со истиот период минатата година.
Најголем дел од продадени автомобили се испорачани во САД, а пото следат Кина, Велика Британија, Јапонија и Германија.