Lamborghini со новитет на 7 мај

ОБЈАВЕНО НА:

Додека речиси сите фабрики за автомобили во Европа се затворени, Lamborghini најавува новитет кој ќе го претстави на 7 мај.

Оваа информација ја сподели ПР службата на германскиот производител која соопшти дека редовното прозиводство компанијата ќе го рестартира на 4 мај, три дена пред премиерата на новитетот.

Засега не се познати официјални инофрмации околу моделот што ќе го претстави. Се шпекулира дека станува збор за Huracan Super Trofeo Omologato (STO) кој ќе располага со 5,2 литарски V10 мотор со 640 КС позајмен од Huracan Performante. Други медиуми пак објавија дека станвуа збор за верзија од SUV моделот на Urus која ќе биде најмоќна досега.

За што станува збор останува да почекаме до премиерата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK