Lamborghini Squadra Corse, тркачкиот оддел на Lamborghini, ја објави првата фотографија и информации за одлуката на легендарниот бренд да влезе во трката на Hypercar шампионатот за спортски автомобили FIA WEC и IMSA WeatherTech (класа GTP).
Развојот на целосно нов тркачки прототип LMDh (Le Mans Daytona hybrid) со електрифициран хибриден погонски систем, кој се очекува да биде целосно подготвен за деби во 2024 година. Toj ќе му овозможи на Lamborghini да се бори не само за победи во текот на шампионатот, туку и на познатите трки „24 часа Леман“, „24 часа Дејтона“ и „12 часа Себринг“.
„Овој чекор во највисокиот ешалон на автомобилски трки е важен момент за нашата компанија“, рече Стефан Винкелман, извршен директор и претседател на Lamborghini.
Lamborghini Squadra Corse иа повеќе од 40 титули од 2015 година, и се надева таа традиција да продолжи и во иднина. Свои слични автомобили прават и Porsche, Alpine, Peugeot, BMW и Cadillac.
„Ќе се натпреваруваме со најдобрите на најпредизвикувачките места. Од една страна, ова ќе ја направи нашата успешна тркачка програма уште повидлива, но исто така ќе ни овозможи да ги тестираме нашите идни технологии, додава Винкелман.