Lamborghini повлекува 7.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Голем удар за италијанскиот производител – Lamborghini повлекува околу 7.000 автомобили од моделот Aventador во купе и кабрио изведба. Како што соопштуваат од Lamborghini, сите продадени автомобили од овој модел во периодот помеѓу 2012 и 2018 година ќе мора да посетат овластен сервис и тоа што поскоро.

Причината за отповикувањето лежи во можноста од појава на софтверски проблеми кои може да донесат до гасење на моторот при ниски брзини.

Отповикувањето ги опфаќаи специјалните верзии од овој автомобил како што се Lamborghini Aventador Centenario и Lamborghini Aventador Veneno.

Ова е најголемо отповикување на автомобили во историјата на Lamborghini. Минатата година италијанскиот производител повлече околу 6 илјади автомобили поради опасност од пожар, откако претходно се самозапалиле шест автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK