Вест која може да ги загрижи сите сопственици – нов Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder во целост изгоре откако се самозапали.
Настанот се случил во Велика Британија и тоа додека 22 годишниот сопственик Лак Сира го возел автомобилот на М6 автопатот.
Како што изјави за локалните медиуми, Сира додека го возел автомобилот осетил мирис на бензин. И додека тој заедно со неговата девојка започнале да ги отворат прозорите се појавил пламен на задниот дел од автомобилот. Набрзо се слушнала и брза експлозија, а благодарение на брзата реакција на патниците кај истите не се забележани повреди.
Сепак она што е невообичаено е тоа дека пожарот следи само неколку часа откако сопственикот го подигнал возилото од редовен сервис за кој платил 10,498 британски фунти.
Останува на властите да ја утврдат причината за пожарот, а доколку истата е предизвикана грешки при сервисирањето многу е веројатно 22 годишното момче ќе добие нов Lamborghini автомобил.