Речиси чест години откако Aventador беше претставен во Женева, сега Lamborghini решава да му даде нови, но значителни подобувања за моделската 2017.
Прво што се забележува е буквата S, што значи дека најсилниот модел во компанијата добива и агресивен дизјан, нова возачка динамика и повеќе сила што се „цеди“ од 6,5 литарскиот воздушно ладен V12 мотор.
Италијаните сакаат да кажат дека ова е „нова генерација на Aventador“, иако всушност е само подобрување на средината од животот на моделот. Новите работи кои доаѓаат со S значат и бројни нови надворешни подобрувања како поагресивен нос, подолг преден сплитер, црни дифузер од позади, достапност и на карбонски влакна по желба, и дел кај задните тркала што потестува на Countach.
Сите овие подбрувања придонесуваат за повеќе од 130 отсто подобрено држење на подлогата во однос на досегашниот модел, и задниот спојлер може да се мести во три различни позиции, со што се подобрува целосната аеродинамика за 50 отсто кога е во оптимална позиција.
Инженерите му дадоа и нова сила на Aventador за уште дополнителни 40 КС во однос на досегашниот модел, и сега истиот има вкупно 740 КS и 690 Нм вртежен момент. Има седумстепен менувач, и целосно нов издувен систем, што е за 20 отсто полесен. До 100 км/ч моделот забрзува за 2,9 секунди, и може да постигне максимална брзина од 350 км/ч.