Lada-Porsche 2013, сте слушнале ли за ова?

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche Engineering и АвтоВАЗ во текот на 70-тите години влегоа во заеднички проект, а резултат на тоа беше автомобилот ВАЗ – Porsche 2103. Конкретно овој проект беше готов во 1976 година.

Тогаш германските конструктори им го предлагаат на колегите од Русија своето видување за модернизација на Lada. Специјалистите од Германија ги тргаат сите хромирани елементи од екстериерот вклучувајќи ги и страничните лајсни и браниците, а ги заменуваат со пластмаса во бојата на автомобилот.

Автомобилот изгледа значително помодерно за своето време, но не влегува во сериско производство. Причините за ова се неколку, а основните се две. Првата е во модернизацијаа на Porsche што значително го поскапува возилотот. Втората е дека во истото време Русите се готови за свој сопствен проект ВАЗ-2106.

Соработката меѓу двете компании продолжува и години подоцна. Porsche му помага на АвтоВАЗ при изработката на првото возило со преден пренос – ВАЗ-2108, познат уште како Samara.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK