Купи Opel Astra со прегледи на YouTube video

ОБЈАВЕНО НА:

Не се само трговците креативни кога станува збор за продажба на автомобилите. Снаодливите потрошувачи секогаш се во потрага како полесно да се стигне до ново возило. Се користат различните попусти за онлајн пазарење, плаќање со биткоини или со маркички за попуст на храна, но и една неверојатна можност во Германија новата Opel Astra да се исплати со прегледи на видео на YouTube.

Можеби и звучи како првоаприлска шега, но не е. Станува збор за многу досетлива маркетинг кампања којашто германксиот автопроизводител ја лансираше во април годинава.

Кампања „Pay by View“, односно, ‘плати со прегледи на видео’, и овозможува за потенцијалните потрошувачи во периодот од 24 април до 30 јуни годинава, за време на тест возењето на автомобилот да снимат краток филм што ќе го постираат на YouTube. Ако видеото ги исполни условите за минимум прегледи, потрошувачот добива ново возило.

Минимум прегледи што треба да ги исполни видеото се: 589,900 прегледи за моделот Karl Rocks, 739,600 прегледи за Corsa со три врати и 922,800 прегледи за Astra, како и 24,200 прегледи за возилото да има сончев кров и 3.000 прегледи за вклучен iPad држач.

Видеото на учесникот Јури Шуркес привлече над 1,1 милиони прегледи и нему автопроиводителот му даде нова Opel Astra, со што тој стана првото лице кое успешно купи автомобил со YouTube прегледи.

Ова е видеото на Шуркес, во кое е прикажан Spiderman како го напаѓа дилерот на Opel:

Следете не и на:

24AUTO NETWORK