Култниот автомобил станува електромобил

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најстарите активни произведувачи на автомобили на светот, најпознат по својот култен спортски роудстер одлучи да повлече револуционерен потег. Англиската фабрика AC Cars, која е основна во далечната 1901 година, ќе произведе 58 примероци од прочуениот двосед AC Cobra во верзија со електричен погон. На тој начин фабриката сака да одбележи 58 години од почетокот на производството на култниот модел.

Автомобилот е претставен во 1962 година, а остави неизбришлива трага на патиштата и на тркачките патеки низ светот особено на американскиот континент. Според изгледот идентична на оригиналнот, новата Cobra „на струја“ официјално ќе го носи името AC Cobra Series 1 Electric.

Вградувањето на целосно нов погон бара измени на оригиналниот модел, што поради вградувањето на електрични компоненти, што поради задоволување на современите стандарди на безбедност. Инаку, погоног се состои од електричен мотор со моќност од 230kW (313 коњски сили), максимален вртежен момент од 500Nm, кој се напојува од батерии со капацитет од 54kWh.

Моторот на „електричната кобра“ овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,7 секунди, но произведувачот нема објавено максимална брзина на автомобилот. AC Cobra Electric ќе биде достапен во четири бои и тоа: сина, црна, бела и зелена. Продажбата почнува кон крајот на годината по цена од 138.000 фунти односно 153.000 евра.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK