Кристијано Роналдо ги пресели скапоцените автомобили од Торино во Лисабон

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата недела се почасти со Ferrari Monza за која плати 1,6 милиони евра, уште една вест поврзана со автомобилите на Кристијано Роналдо објавија италијанските медиуми. Според нив и објавените видео записи, Кристијано Роналдо пред некој ден извршил преселба на своите автомобили.

Тој ангажирал компанија од Португалија за транспортни услуги и во камионот качил неколку од своите скапоцени автомобили. Истите се веќе на пат кон Лисабон каде ќе бидат истоварени на имотот на 36 годишниот Португалец.

Ова следи само ден откако шансите на Јувентус за пласман во Лигата на Шампионите се сведоа на чиста теорија, па многу медиуми пренесоа дека со ова всушност започна преселбата на Кристијано Роналдо. Се очекува по завршување на сезоната и претстојното Европско првенство, португалскиот ас да ги напушти редовите на Бјанконерите.

Како потенцијални дестинации се наведуваат ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Спортинг Лисабон, но и Реал Мадрид од каде и дојде во Јувентус.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK