Краш тестот на Renault Kangoo – освои четири ѕвездички (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

По новата генерација на Opel Mokka и Renault Kangoo имаше свое тестирање на престижниот и строг краш тест организиран од страна на Euro NCAP. При тоа, ова мултинаменско возило освои само четири од максималните пет ѕвезди со што освои повеќе од солидни перформанси доколку се направи споредба со конкурентите во неговата класа.

По сите параметри освои скор поголем од 65%, а најдобар беше во поглед на безбедноста на децата каде освои 87%. Вкупен скор од 78% освои во поглед на безбедноста на возачот, а високи 72% во поглед на безбедносната асистенција. За пешаците освои 67%.

Краш тестот може да го погледнете во продолжение.

Што се однесува до самиот модел, се работи за примерок од третата генерација на моделот Kangoo чија премиера се случи на 12 ноември минатата година. Овој автомобил е дел од европската понуда на Renault, а од годинава се произведува во Мобеж, Франција. Се темели на CMF-C платформата на Renault, а во понудата доаѓа како наследник на Renault Express.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK