Кралот на екстремните теренци? Има 1.206 КС и ќе се направат само 20 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Студиото за тјунирање, Hеnnеssеy претстави еден новитет за 2021 година. Станува збор за теренецот, кој го носи називот Mаmmоth 1000, а е направен на база на пикапот RАM 1500. Автомобилот се напојува од V8 мотор со моќност од 1.026 КС, кој обезбедува забрзување од место до 100 км/ч за 3,2 секунди. Екстремниот СУВ се проценува на 375.000 долари, а целата сума не вклучува даноци и трошоци за испорака.

Досега автомобилот е покажан само на една фотографија. Теренецот има целосно оригинален заден дел, кој е ефикасно комбиниран со целокупниот изглед на каросеријата, персонализиран преден браник со опционален LED, 20-инчни Hеnnеssеy тркала со десет краци и 35 инчни офроуд гуми. Внатрешноста е проектирана за седум седишта, а обезбеден е простран заден багажник, додека клиренсот е 364 мм.

Стандардниот 6,2-литарски V8 мотор од 1.500 TRX e опремен со нов компресор и контролен блок, кој води до зголемување на моќноста на моторот од 712 коњски сили и 881 Нм вртежен момент до 1.026 коњски сили и 1.314 Нм вртежен момент. Забрзувањето до 97 километри на час во споредба со RАM 1500 TRX ќе биде намалено од 4,5 на 3,2 секунди, а времето за поминување на четвртина милја (402 метри) е намалено од 12,9 на 11,4 секунди.

Раководителот на студиото, Џон Хенеси го нарече Mаmmоth 1000 „кралот на џиповите со карактеристики на суперавтомобилот“. Хенеси планира да направи само 20 од овие најсовремени автомобили. Тие ќе добија целосна гаранција – две години или 40.000 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK