По нешто повеќе од 24 години континуирано производство, моноволуменот на SEAT, Alhambra и официјално заминува во историјата. Како што пренесува шпанскиот производител овој автомобил ќе се произведува до крајот на овој месец по што завршува производството.
Причината за ова е малата побарувачка на овој вид на автомобили во Европа која од година во година постојано бележи пад. Притисокот за ваквата одлука доаѓа и од се поголемата попуалрност на SUV возилата па така шпанскиот производител со оваа одлука ќе ги ослободи капацитетите за зголемување на производството на SUV возилата.
Првата генерација на Alhambra беше воведена во 1996 година. Истата со мал фејслифт се произведуваше во 2010 година кога се појави и втората генерација која е сеуште актуелна.
Со оваа одлука, Volkswagen Групацијата го најави пензионирањето на последниот моноволумец во ова семејство. Претходно и за Sharan и Touran беше потврдено дека ќе бидат повлечени од производство, а со тоа и понудата.