Крај за кризата: За еден месец во Кина продадени 2,25 милиони автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Точно 13 месеци по ред продажбата на нови автомобили во Кина продолжува да расте. Минатиот месец во оваа земја е забележан пораст од 8,6% во споредба со март. При тоа во оваа земја продадени се 2,25 милиони нови автомобили што се доволно за Кина и натаму да го носи епитетот најголем национален пазар за нови автомобили.

Во првите четири месеци на овој пазар се продадени неверојатни 8,75 милиони примероци што е пораст за 51,8% во споредба со првите четири месеци минатата година.

Во април, покрај на домашниот пазар, производителите во Кина остварија и зголемен извоз. Така истиот е зголемен за 13,7% или во апсолутна бројка, во април извезени се 151.000 нови автомобили, потврдуваат од КААМ, Кинеската Асоцијација на производители на автомобили.

Доколку се гледа од почетокот на годината до крајот на минатиот месец, извозот достигнува 516.000 нови автомобили што е за 88,1% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK