Корнавирус влезе во Ф1 – Серхио Перез нема да вози викендов на Силверстон

ОБЈАВЕНО НА:

Возачот на Point Racing, Серхио Перез нема д авози викендов на трката за ГН В.Британија откако направените тестирања утврдиле дека епозитивен на коронавирус. Тимот потврди дека Перез се наоѓа во самоизолација и му биле направени два теста, на кои бил позитивен.

Сите возачи и членови на тимовите се подложуваат на тестирања пред доаѓањето на секоја трка и потоа на секои пет дена. Повеќе од 10.000 тестови досега с енаправени од почетокот на сезоната во Австрија, а Перез е првиот позитивен возач.

Неизвесно е дали тимот ќе има два возачи на трката бидејќи немаат резервен возач, но имаат партнерство со Mercedes во неколку случаи. Тоа значи дека можени Стофел Вандорн или Естебан Гутиерез би можеле д аго заменат Перез.

Вандорн последен пат возеше тркат во Ф1 во 2018 година, и оттогаш е дел на Mercedes Formula E team. Гутиерез беше тест возач на Mercedes последниве три сезони. Последната трка во Ф1 ја имаше во 2016 година. Во кариерата има освоено 6 бодови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK