Контроверзен предлог: На мажите во Австралија да им биде забрането да возат до 21 година

ОБЈАВЕНО НА:

Група на експерти за безбедност на патиштата во австралиската држава Нов Јужен Велс тврдат дека на мажите треба да им се забрани да добиваат возачка дозвола додека не наполнат 21 година.

Предлогот е испратен до владата на Нов Јужен Велс и се вели дека треба да се направи повеќе за да се намалат жртвите на патиштата преку зголемен фокус на младите возачи, особено на младите мажи.

Почесната професорка и претседател на Австралискиот колеџ за безбедност на патиштата, Ен Вилијамсон, забележува дека возачите помлади од 25 години во Нов Јужен Велс се вклучени во речиси 25 отсто од несреќите, и покрај тоа што сочинуваат само 15 отсто од возачите во државата. Таа вели дека треба повеќе да се направи за да се намалат сообраќајните несреќи со поставување на повеќе ограничувања за младите возачи.

„Во првите шест месеци од положувањето на возачкио тиспит луѓето се многу склони на несреќи“, изјави Вилијамсон за „Гардијан“. „Не е дека патните власти и носителите на политики не се свесни и дека има голем број ограничувања за неискусните и почетниците млади возачи… но тоа не е доволно. Очигледно не е доволно“.

„Несомнено, некои млади возачи почетници ќе бидат подобри од другите. Ако можеме да ги идентификуваме оние кои можеби се инхерентно поризични и да го ограничиме нивното полагање, да се направи тоа малку подоцна“, додава Вилијамсон. „Младите мажи, можеби треба да имаат 21 или 22 години, пред да ја добијат возачката. Ова е многу контроверзна работа, но овие се работи за кои треба да се размислува“.

Нема индикации дека владата на Нов Јужен Велс сериозно размислува за толку значајна промена во нејзиниот систем за полагање возачки испит. Сепак, премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, побара совет за ограничување на тоа колку патници можат да бидат во автомобил со млад возач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK