Колку се безбедни македонските патишта?

ОБЈАВЕНО НА:

Последната сообраќајна несреќа на автопатото теово – Скопје во која досега загинаа 15 лига и има уште неколкумина што се во критична состојба го отвора прашањето колку е безбедно возењето на македонските патишта? Се уште нема одговор која причината за ненадејното излетување на автобусот?

Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во 2018 година, во Република Македонија, се случиле 4534 сообраќајни незгоди од потежок карактер, при што 129 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 6738 лица се повредени.

Овие 129 загубени животи во сообраќајни незгоди претставува значително намалување во однос на 2017 година, кога вкупно 155 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди во Република Македонија.

Гледано од аспект на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди може да се заклучи дека состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Република Македонија бележи тренд на подобрување, но исто така статистичките податоци потврдуваат дека безбедноста на патниот сообраќај не е на потребното и посакувано ниво и не е во согласност со целите и динамиката дефинирани во Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015-2020.

Имено, согласно целите од Втората национална стратегија, Република Македонија, т.е безбедноста во патниот сообраќај во Република Македонија, до 2020 година, треба да го достигне нивото и просекот на земјите членки на ЕУ, а тоа во апсолутни бројки, значи помалку од 100 загинати лица во сообраќајни незгоди на годишно ниво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK