Колку литри гориво можете да купите со просечна плата во Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

Македонскиот граѓанин кој добила просечна плата од 462 евра може да наточи за 11 литри помалку во однос на лани. Македонија меѓу на 5. место сметано од дното.

Најевтино гориво во Европа има во Европа, каде просечната цена е 0,54 евра за 1 литар, а најскапо гориво се продава во Холандија каде просечната цена е 1,72 литри.

Просечната цена на горивата во Македонија се покачила за 13 отсто во првата половина на 2021 година, во споредба со истиот период лани. Според истражувањето направено од Пикоди, компанија за анализа од Полска во истражувањето направено во 41 земји во Европа, Македонија се наоѓа на 9. место.

Нашата земја се наоѓа во групата на 19 земји каде скокот на цената е над 10 отсто, и од земјите од опкружувањето кај нас е забележан најголем скок на цената.

Но, прашањето е колку литри гориво можете да наточите со просечната плата во Македонија. Според истражувањето на Пикоди од Полска, направено во јули просечната плата во Македонија била 462 литри. Просечната цена на горивото во Македонија е 1,07 евра за литар. Тоа значи дека со просечна македонска плата можете да купите 432 литри гориво.

Споредено со лани, сега можете да купите 11 литри помалку гориво, иако просечната плата пораснала за 43 евра. Лани сме можеле да купиме 443 литри (наспроти сегашните 432 литри), а лани просечната плата била 419 евра (462 евра во 2021 година).
Од 42 земји во Европа ние се наоѓаме на 38 место.

На врвот во Европа се наоѓа Швајцарија кад епросечната плата е 4.856 евра и може да се купат 3.582 литри гориво, а потоа следува Луксембург со 2.955 литри гориво.
На дното се Албанија (289 литри), Молдавија (358 литри),Украина (389 литри) и Црна Гора (417 литри).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK