Колку фабрики ширум светот поседува Stellantis?

ОБЈАВЕНО НА:

Со спојувањето на FCA Automobili и PSA Group, на третата позиција според бројот на произведени и продадени автомобили сега се наоѓа новоформираната компанија Stellantis.

Покрај тоа што може да се пофали со најмногу брендови во своето портфолио (ги поседува Lancia, Fiat, Alfa Romeo, Maserati, DS, Citroen, Peugeot, Opel, RAM, Dodge, Chrysler, Jeep), може да се пофали дека е една од компаниите со најмногу фабрики ширум светот. Поседува вкупно 54 фабрики кои се распостранети буквално на сите континенти ширум светот.

Најголем дел од фабриките се лоцирани на “Стариот Континент”. Во Италија има најмногу, 7, а потоа следи Франција со 4 фабрики. По 3 фабрики има во Шпанија и Полска, а во Велика Британија и Германија по 2. По една фабрика има во Унгарија, Португалија, Србија, Словачка, Русија и Турција.

Во Северна Америка, очекувано, најмногу фабрики има во САД, вкупно 5, а по две има во Канада и Мексико. Во Јужна Америка, три фабрики има во Бразил, две во Аргенина, а во Венецуела само една.

Во Африка Stellantis сега поседува четири фабрики, по една во Алжир, Мароко, Намибија и Нигерија. Во Азија, фабриките на Stellantis се во половична сопственост со некој кинески производител и поседува такви четири фабрики. Во Индија има две фабрики, а во Австралија само една.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK